Центар со 64 случаи изби на второ место по број на заразени во Скопје – веднаш по Чаир

Општина Центар стана подрачје на кое по скопската општина Чаир има најголем број на активни случаи на корона вирус, во Скопје. Ова го покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Во централната градско подрачје бројот на заболените сега изнесува 64 лица, што е значително зголемување во однос на претходните денови. Пред три дена евиденцијата на ИЈЗ покажуваше дека во Центар има 42 активни случаи, односно, за 22 помалку отколку до вчера.

Инаку, во Чиар и натаму се зголемува бројот на активно болни и бројката сега изнасува  – 168 лица. Зад Чаир и Центар е Бутел со 63 активни случаи. 

По нив следуваат Гази Баба-58, Аеродром- 57, Сарај- 55, Карпош- 45, Кисела Вода- 35, Арачиново- 23, Студеничани- 19, Илинден- 18, Ѓорче Петров- 18, Шуто Оризари- 17, Петровец- 6, Чучер Сандево- 3, Сопиште- 2 и двајца странски државјани.

Претходна вестБројот на новозаболени никако да опадне: Нови 127 заразени, тројца починати
Следна вестШилегов: Не гледам револт кај граѓаните за одењето во Маврово, стартувам со нови работи