Шилегов ретерира, не рекол дека ќе се урива Универзална сала, „некои луѓе“ ја навеле јавноста на тоаа

Попушта ли градоначалникот на Скопје Петре Шилегов пред бурните реакции на јавноста? Во последното свое интервју тој тврди дека објавувањето на конкурс за реставрација на Универзална сала по автоматизам не значел дека ќе следело уривање на градскиот симбол. Според Шилегов „виновни се одредени луѓе“ кои по објавувањето на планот за реставрација „ја насочиле јавноста кон погрешен заклучок дека обејектот ќе се урива“.

-Самото објавување на конкурсот за уредување на просторот околу Универзална, не е уривање, не е ни одлука. Постоењето на конкурс не прејудицира решение. Мислам дека поради емотивноста што ја буди Универзална сала погрешно некои луѓе свесно ја насочија јавноста да донесе погрешен заклучок дека некој сака да го урне објектот, објаснува Шилегов.

Факт е дека кога излегоа плановите на Шилегов граѓаните жестоко се кренаа, и тензијата не престанува. Сега тој ретерира: тврди дека немал план да ја урива и да прави нешто друго на тоа место.
-Кој е крив?! „Група на луѓе што погрешно не насочиле да мислиме?! Срамота е да ја навредувате интелегенцијата на народот, нам не ни треба група на луѓе за да видиме кои ваши решенија се катастрофални! Нема да дозволиме да се допре Универзална“ – коментира Анита С. под објавата на последното интервју на градоначалникот на социјалните мрежи. Мнозинството од коментарите деновиве се во оваа насока.

Очигледно топката се смирува. Сепак, во моментот единствено извесна е неизвесноста за судбината на Универзална сала.

Претходна вестУНИЦЕФ: Коронавирусот ја засили детската сиромаштија и семејното насилство во Македонија
Следна вест„Младински музички маратон 2020“ вечерва на „Скопско лето“