„Младински музички маратон 2020“ вечерва на „Скопско лето“

Вечерва на „Скопско лето“ е резервирана за младите музички таленти. „Младински музички маратон 2020“ е насловен концертот од 20.30 часот на плоштадот „Мајка Тереза“.

Пијанистите Гоце Златев, Дилек Реџеп и Инес Неделковска, и сопранистката Илина Митревска се само дел од учесниците. На програмата се дела од Лист, Рахманинов, Росини, Пучини, Моцарт, Перголези, Вебер, Шуберт, Равел, Властимир Николовск.

Организаторите уверуваат дека се ќе се организира и случува според однапред утврдените здравствени протоколи.