„Слеј се со тишината“ е мотото на „МакеДокс“ -фестивалот од 19 до 26 август

Од 19 до 26 август ќе се случува фестивалот на креативен и документарен филм „МакеДокс“. Овогодинешниот фестивал е предизвик по повеќе основи велат организаторите, а мотото е „Слеј се со тишината“.

-Збунети, изолирани. Многумина за прв пат го слушнаа градот во тишина или се слушнаа себе, навлегоа подлабоко. Многумина се освестија колку се важни културните содржини за одржување на нашето ментално здравје. Овој свет е некако истовремено оддалечен но и поинтимен, поспор и повнимателен. Не се залетува. Гледа кон небото. Чита повеќе. Гледа филмови. Слуша, соопштуваат од „МакеДокс“.

Претходна вестКој беше „филтерот“: Ако туристичките ваучери се препродаваат на црно, значи во погрешни раце се дадени?
Следна вестГолема трагедија на Илинден во Претор, згасна млад живот