Театар „Комедија“ на „Охридско лето“

100

„Човек, ѕвер и доблест“ во режија на реномираниот Егон Савин, е претставата што ќе можат да гледаат посетителите на „Охридско лето“. Таа е изведбата на театарот Комедија што ќе учествува на светки познатата, а наша манифестација.

Премиерата на претставата беше на скопската сцена на театарот на 23 декември минатата година, а во неа играат: Атанас Атанасовски, Сашо Ристовски, Сашка Димитровска, Жарко Димоски, Жаклина Стевковска-Дрнасин, Ева Скендеровска, Тони Денковски и Кристина Ласовска.

Сценографијата е на Весна Поповиќ, костимографијата е на Елена Дончева (со Ивана Каранфиловска-Угуровска како асистент), а изборот на музика и адаптацијата на текстот се на режисерот Егон Савин.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЗошто сте „брзале“ со чистење на Усјанскиот канал во јуни, почекајте да се угушиме цело лето!
Следна вестПравилната употреба на заштитна маска е клучна во справувањето со ковид-19