Следната 2021 е година во која почнуваме со Смарт сити, БРТ системот на Трамвај без шини, го започнуваме новиот мост на Љубљанска, а завршуваме со мостот на АСНОМ. Ако биде се во ред и условите го дозволат тоа ќе започнеме со изградба на новиот Луна парк и ботаничка градина, порача денеска во својата новогодишна честитка до скопјани градоначалникот Петре Шилегов.
Во честитката тој потенцира дека пред нас е уште една година исполнета со многу предизвици кои можеме да ги поминеме заедно со многу ентузијазам и верба во подобро утре.
–Не очекуваат уште многу нови зелени еко проекти, нови паркови и скверови, зелени покриви, реформиран систем за одржување на комуналната хигиена, нова велосипедска инфраструктура и нови енергетски ефикасни проекти, најави градоначалник.
Тој им посака на сограѓаните Новата 2021 година да им биде исполнета со многубројни моменти на среќа и благосостојба, како и здравје за нив и за нивните најмили. Им порача да ја дочекаат во празнично расположение во кругот на нивните најблиски.
-Да ја пребродиме заедно уште оваа криза, за да можеме заеднички да прославуваме и дочекуваме уште многу нови години полни со радост и среќа, порача Шилегов