Шкендија го потврди трансферот на талентираниот фудбалр од средниот ред, Решат Рамадани во украинскиот гигант Динамо Киев. Македонскиот младински репрезентативец ќе потпише петгодишен договор со најтрофејниот украински клуб, а Шкендија, покрај засега неоткриената сума за трансферот има право и на дополнителни 15 отсто од потенцијалниот следен трансфер на фудбалерот.
Рамадани произлезе од школата на Шкенија, приклучувајќи се на првиот тим како 17-годишник во 2021 година, и оттогаш има 27 настапи за Шкендија и 2 постигнати голови.