И денес чадорите при рака

Како во изминатите два дена така и денес, на подрајчето на Македонија во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се движат од 2 до максимални 14 степени.

Во Скопје пак, се очекува претежно облачно време со повремени врнежи дожд, особено кон крајот на денот и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 8, а максималните до 12 степени.

Претходна вестШкендија го продаде Решат Рамадани на Динамо Киев
Следна вестКоњ врзан за автомобил бил влечен низ скопските улици