Шкендија го продаде Решат Рамадани на Динамо Киев

Шкендија го потврди трансферот на талентираниот фудбалр од средниот ред, Решат Рамадани во украинскиот гигант Динамо Киев. Македонскиот младински репрезентативец ќе потпише петгодишен договор со најтрофејниот украински клуб, а Шкендија, покрај засега неоткриената сума за трансферот има право и на дополнителни 15 отсто од потенцијалниот следен трансфер на фудбалерот.

Рамадани произлезе од школата на Шкенија, приклучувајќи се на првиот тим како 17-годишник во 2021 година, и оттогаш има 27 настапи за Шкендија и 2 постигнати голови.

Претходна вестСтраотен пад на Превц на Планица! Имаше среќа што остана жив!
Следна вестИ денес чадорите при рака