Шкендија ја освои Струмица, Вардар испушти 2:0 против Македонија

Шкендија со голот на Дашмир Елези стигна до 1:0 победа на гостувањето кај Академија Пандев за да се одвои на шест поени пред Шкупи на врвот на табелата во Првата лига, додека во дербито Вардар имаше 2:0 водство, но на крајот се задоволи со 2:2 реми со Македонија Ѓорче Петров.

Со победата во Струмица, тетовци собраа 39 поени по 17 кола (11 победи и 6 ремија) за шест поени предност пред Шкупи и Македонија Ѓорче Петров за да останат најголеми фаворити за нова титула.

Вардар во дербито водеше со 2:0 со головите на Мирчевски (19.) и Цветановски (52.), но „лавовите“ се вратија во фантастични десет минути со Халид (57.) и Божиновски (67.). Во другите мечеви, Борец со 2:0 го шокираше Силекс, Пелистер со 1:0 извлече победа над фенерцијата Беласица, додека Струга со 2:1 го победи Работнички.

ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО

Вардар – Македонија 2:2

Академија Пандев – Шкендија 0:1

Борец – Силекс 2:0

Пелистер – Беласица 1:0

Струга Трим Љум – Работнички 2:1

Табела: 1.Шкендија 39, 2.Шкупи 33, 3.Македонија ЃП 33, 4.Струга 25, 5.Борец 25, 6.Силекс 22, 7.Вардар 22, 8.Работнички 21, 9.Ренова 16, 10.Пелистер 15, 11.Академија Пандев 14, 12.Струмица 9.

Претходна вестПриведен Косовец со фалсификувани документи
Следна вестМинистерството за образование е полно со „кецаши“, а реформатори