Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен за многу клубови, а во шкотските медиуми се пишува и за сумата која би ја барал Абердин за негово ослободување.
Имено, Миовски за Абердин постигна вкупно 24 гола во сите натпреварувања, па така го привлече вниманието и на најголемите шкотски клубови, Селтик и Ренџерс. Во Абердин се уште тврдат дека не планираат да го продадат, сепак јасно е дека ќе им биде тешко да го задржат.
Шкотскиот новинар Џејк Мекфарлан најавува дека цената за Миовски може да изнесува околу осум милиони фунти (9,3 милиони евра).
-Миовски е голем талент и лично многу ми се допаша. Тој за Ренџерс би бил перфектно засилување. Нема дилеми дека Абердин би барал висока сума, ќе зависи и колкав е интересот за него. Сепак, не би бил изненаден ако Абердин бара осум милиони фунти, објави новинарот.
Исто така во јавноста се појави информација дека интерес за Миовски покажал и холандски Феенорд.