Штипјанец лажел дека е полицаец за да изнудува пари

Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против С.С.(27) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно преставување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

-Во периодот од 3 до 8 јули, пријавениот на социјалната мрежа Фејсбук креирал лажни профили, злоупотребувајќи ги личните податоци и фотографии на двајца вработени во СВР Штип, при што лажно се преставувал во нивно име и во три наврати довел во заблуда лице, изнудувајќи му 5.400 денари, соопшти МВР.

Претходна вестОбид за убиство во Драчево, кон маж пукано со пиштол по расправија
Следна вестПретрес во Кондово, пронајдени дрога, пушка и куршуми