Штипјанец се обидел да нападне полицајци

Полицијата приведе штипјанец кој со остар предмет се обидел да нападне полицајци додека извршувале службени дејствија

„На 25.03.2022 околу 20.00 часот на ул.,,Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.И. од Штип, затоа што се однесувал агресивно и со остар предмет се обидел да ги нападне додека извршувале службени дејствија. Тој претходно со остар предмет се заканувал и на Т.Т.(36) од Штип“, велат од МВР.

М.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вест232 нови случаи на коронавирус, починаа 6 лица
Следна вестСончево и топло, температура до 23 степени