Штом требало да се штеди зошто не се укинат 3 – 4 министерства?

На македонската влада и стана навика да укажува дека треба да се штеди. Криза било, морало порационално да се троши, загрижени се министрите.

Мнозинство од граѓаните во Македонија ги земаат на мајтап овие владини апели, барања, опомени… Зошто е така? Зарем населението не ја гледа сериозноста на ситуацијата? 

-Ја гледаме сериозноста на ситуацијата, но не ја гледаме сериозноста на Владата во намерата да штеди, сака само населението да го товари, ни одговори еден аеродромец утрово на прашањето.

Логичниот одговор наметнува друго прашање: Кога ќе следи намалување на бројот на министрите и пратениците, кога ќе се намали администрацијата односно сиот оној „јавен сектор“ кој е прегломазен и прескап?

Така ќе покаже Владата дека навистина таа почнува да штеди. Така ќе се даде пример и другите да штедат.

Впрочем за намалување на државните функционери кои дебело се платени има и друга (дебела) причина – до сега нивната бројка беше планирана за повеќе од два милиони жители, ако веќе се намалило населението (што покажа пописот), треба да се намалат и тие кои и „служат“ на граѓаните на Македонија.

Како за се и текнува на министрите, за ова не им текна?

Има премногу министерства во Македонија. Најмалку 3 -4 треба да отпаднат. Има премногу јавни претпријатија, разни агенции и слично. Сите тие имаат раководни кадри со шофери и секретарки, па дури и советници. Многу управни одбори, па надзорни… Се тоа треба да се намали.

Па нели криза е, а и следела уште поголема? 

Претходна вестИ Талат Џафери испрати честитка до македонската армија
Следна вестСега, пак, ќе се потепаат кој да го организира Охридскиот маратон, само Пендаровски е неизвесен