Швајцарската агенција за лекови, која ги издава одобренијата, процени дека се потребни дополнителни тестови на вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“ пред употреба.
-Податоците што до сега беа доставени и проучени се недоволни за издавање одобрение. Потребни се дополнителни податоци за безбедноста за понатамошна проценка на безбедноста, ефикасноста и квалитетот“, се вели во соопштението на „Свисмедик“, додека вакцината е веќе одобрена во голем број земји, вклучително и во ЕУ.
Од таму наведуваат дека земајќи ги предвид досега проучените податоци, советничкиот одбор на експерти оценил дека достапните податоци не овозможуваат заклучок за придобивките и ризиците од таа вакцина.
Инаку, Кампањата за вакцинација во Швајцарија започна на крајот на декември.