Вакцинирањето против корона вирусот е тема на глобално ниво. Шведската влада истакна дека нема да препорача вакцина против корона вирусот за деца на возраст под 18 години. Шведските експерти процениле дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа не им е потребна вакцина.
Затоа пак, шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се ранлива група и на постарите лица, пренесува „Си-ен-ен“.
Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел објаснил дека Шведска функционира на принцип на доброволна вакцина, а така било и за време на минатите пандемии кога биле вакцинирани голем број луѓе.