Шведска: Поранешни џихадисти работат со деца и млади

Од 83 лица што се вратија во Шведска од територијата контролирана од таканаречената Исламска држава, 21 сега работат со деца, млади и ранливи. Според истражување на медиумите, тие биле вработени во центри за одмор, предучилишни установи и социјални служби, пренесува „Еурактив“.

Според извештаите, и покрај предупредувањата од безбедносните служби дека поранешните џихадисти може да придонесат за радикализација и регрутирање во Шведска, вкупно 24 поранешни борци на ИСИС нашле работа во јавните служби.

Шведската министерка за либерално образование, Лота Едхолм, по тој повод изјави дека политиката на Шведска за враќање и контрола на поранешните шведски исламистички борци е наивна.

– Целосно е неприфатливо луѓето што се терористи на ИСИС да работат во шведски училишта, забавни центри и слично. Тоа не треба да се дозволи, рече таа.

Во извештајот исто така е наведен случајот на поранешен џихадист на почетокот од оваа година, кој беше осуден според таканаречениот закон за патување, кој им забранува на луѓето да патуваат на територии под контрола на ИСИС, но три месеци по издржувањето на казната тој нашол работа како замена за младински работник во Гетеборг бидејќи тоа конкретно дело не било запишано во неговата криминална евиденција.

 

Претходна вестНа 14 од 18 тендери распишани од Министерството за информатичко општество се јавила само една фирма
Следна вестВремето денеска сончево со мала до умерена облачност