Љубителите на звуците на пијаното, вечерва со почеток во 19 часот, на покривот на ГТЦ ќе можат да уживаат во концертната изведба на македонската пијанистка Дуња Иванова. Концертот е насловен како „Сигнали“, а на програмата се премиерни изведби на пиесите на филмскиот композитор Пако Периаго, но и на Рејдиохед и Џош Коен.
Добредојдени се сите кои сакаат да уживаат во нотите изведени од Дуња Иванова, согласно препораките и протоколите за заштита од ковид 19.