Силен пожар во „Жито Битола“

Многу силен пожар избувна попладнево околу 17.20 часот во објктот на фабриката за пекарски производи „Жито Битола“.

Од противпожарната служба во градот соопштија дека сè уште немаат информации за тоа како избувнал огнот. Противпожарните екипи со целиот капацитет се на терен.

Од МВР информираа дека досега нема пријава за повредени лица.

„На 23.01.2022 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот дел на Битола. Веднаш се упатени екипи на територијалната противпожарна единица Битола и полициски службеници и се преземаат мерки за гасење на пожарот. До сега нема пријава за повредени лица“, информираа од МВР.

Претходна вестМлада девојка нападната од својот дечко пред кафуле
Следна вестНови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица