Силен земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина околу 9 часот и 20 минути. Според првичните информации, потресот бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 10 километри северно од Сараево на длабочина од шест километри.
Земјотресот се почувствувал во поширокото подрачје на Сараево, пишуваат босанските медиуми.
,,Се тресеше во Сараево, прилично се тресеше“, „Кратко, но силно тресење“, „Опасно се тресеше“, „Два кратки удари, неполни четири секунди“, „Кратко, но јасно“, „Навистина се тресеше во Сараево“, се дел од изјавите на локалните жители.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.