Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Турција пред неколку минути, јавува EМСЦ.

Земјотресот се случил во 10:38 часот по локално време, а епицентарот е регистриран во морето, на 192 километри од Измир, третиот по големина турски град.

Регистриран е на длабочина од 10 километри, а земјотресот е почувствуван низ целиот турски западен брег, во Истанбул, но и на некои грчки острови во Егејското Море.

Претходна вестСДСМ: Трајко Славески да закаже вонредна седница на Советот на Скопје за загадениот воздух
Следна вестГолема загаденост во цела Македонија