Силјановска Давкова: Ми префрлаат за возраста, но таа значи мудрост, ќе победам

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во обраќање на митинг во Прилеп истакна дека секогаш кога се интонира химната човек го анализира секој збор, зашто таму има многу што да се каже.

-Во химната се вели дека се раѓа нов ден. А Прилеп заслужува зазорување зашто е град на кој сите сме горди. Кога се соочувам со проблеми ми текнува дека прилепчани се главни со смислата за хумор и со смислата за живот кои ми даваат енергија, порача Силјановска Давкова.

Како реплика кон еден од противкандидите, Силјановска Давкова се повика на една анегдота, од Роналд Реган кој во една прилика рекол: Ми зборувате за мојата старост, но јас нема да зборувам за вашата младост, ама ќе победам.

Силјановска Давкова порача дека во антиката возраста значела и мудрост.

-Се е во ред со мене и физички и психички. И подготвена сум за дебата, ама никако да се согласат за дебата пред одговорни новинари, рече Силјановска Давкова.

Според неа, во земјава многу се зборува за владеењето на правото и оценува дека во Македонија има „владеење на конзули“, односно како што додаде, има владеење на недемократи, што е голем проблем за државата.

Претходна вестВанковска: Како стрини прекун плот си дофрлуваа…
Следна вестМоже дождот ќе помогне барем за кратко?