Ванковска: Како стрини прекун плот си дофрлуваа…

Претседателската кампања влегува длабоко во втората половина, ама ТВ дуел на сите кандидати заедно не видовме. Ќе ја има ли наскоро или веќе е јасно дека од соочување бегаат некои од кандидатите?

Околу ова, коментар има кандидатката на „Левица“, професорката Билјана Ванковска, кој ви го пренесуваме во целост:

-Во врска со БРУКАТА околу неодржување НИТУ ЕДНА претседателска дебата, само ќе го цитирам Његош:

Сви јунаци ником поникоше и у црну земљу погледаше!

А божем професори, доктори на науки, политичари со искуство – ама сите без демократски капацитет. Оној ифтарот на Бујар беше само најава за катастрофата на демократската (не)култура која ќе се случи.

Ќе остане кампањата запомнета по срамот за оние кои пребираа, кои како стрини преку плот си дофрлуваа, бираа друштво, се навредуваа по лична основа.

Јас бев и останав на тоа дека и „дебата со ЕДЕН или ДВАЈЦА“ кој/кои ќе излезат на сцена со пет/шест празни столчиња ќе беше оддолжување кон јавноста, кон сите оние кои ни дадоа потписи и од кои бараме гласови.

Ме изеде туѓиот срам! Но, во втор круг, драги мои, нема бегање. Сите ќе знаат кој имал три чисти да соочи аргументи, а кај ескивирал заради идно коалицирање на партиските вождови, напиша Ванковска на Фејсбук.

Претходна вестПендаровски: На 24 април и на 8 мај очекуваме две победи
Следна вестСилјановска Давкова: Ми префрлаат за возраста, но таа значи мудрост, ќе победам