Со бројното присуство потврдуваме дека ова не е вмровска општина како што некои мислат, туку е општина на граѓани кои сакаат својата државата, Македонија, да ја видат што е можно поскоро како дел од развиена и просперитетна Европа, изјави кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, на митингот во Гази Баба.
– Нема враќање назад. Со ова присуство, со овој ентузијазам, со масовна мобилизација на 24 април и на 8 мај не очекуваме ништо подолу, ништо помалку, отколку две победи. На 8 мај да дојдеме повторно овде и да ги прославиме двете победи и на парламентарни и на претседателски избори, рече тој.
Пендаровски посочи дека доколку ја добие довербата на граѓаните, ќе продолжи со неговата работа како и досега.
– Мислам дека и македонската јавноста имаше прилика изминативе пет години да види што работи претседателот на Македонија. Дали како некои кои претходно се криеја во вилата на Водно и не знаевме дали се таму воопшто дојдени на работа, или беше секој ден помеѓу својот народ. Илјадници луѓе дојдоа во мојот кабинет, се пожалија на проблемите, побараа помош за нивно решавање, не бев затворен, не бев изолиран, ниту таков ќе бидам во следните пет години, ако, здравје Боже ја добијам вашата доверба, дополни тој.