Силјановска-Давкова влезе во вилата „Водно“ и ја презеде функцијата Претседател

Претседателката Гордана Силјановска Давкова пристигна во вилата „Водно“ каде што ја пречека сега веќе поранешниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Со тоа таа и официјално ја презеде функцијата која ќе ја извршува во следните пет години.

Официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател се оддржа со највисоки државни и воени почести.

По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски остварија тет-а-тет средба.

 

Претходна вестЦрвенковски и Пендаровски не дојдоа на инаугурацијата на Силјановска-Давкова
Следна вестГрчко МНР: Европскиот пат на Северна Македонија и односите со Грција зависат од спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име