Силјановска-Давкова за венецот без името на државата: Немаше место за подолг напис, мислев дека може „РС Македонија“

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска за прв пат даде објаснување зошто венецот што го положи на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методија, не го пишувало името на земјата.

На венецот немаше име на држава, туку пишуваше само „Претеседател Гордана Силјановска – Давкова“, а претседателката за ова денеска рече дека тоа било најдобро решение во моментот.

-Зошто не беше напишано? Како прво, тие лентите не се големи, разговаравме во кабинетот, имавме различни мислења, на пример јас мислев дека може „РС Македонија“. Немаше простор, но на крајот рековме дека јас сум на чело на делегацијата, да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки, ги разбирам – логични сме. Македонија ја претставувавме таму. Но во време, по мојот говор и избегнувањето на официјалното име и опредлеувањето за името Македонија како слобода на изразување на мислата, се одлучивмне на ова решение. Мислам дека тоа не е проблем и негирање на државата. Се знаеше која е делегацијата. Нам ни се чинеше дека тоа е најдобро во тој момент, одговори Силјановска Давкова.

Претходна вестАфрим Гаши предложен за претседател на Собранието
Следна вестАфрим Гаши избран за претседател на македонското Собрание, порача дека минатото е добра тема за историчарите, но не и за политичарите