Колева: Силјановска е само уште едно лице на ДПМНЕ, не нѝ треба реприза на Иванов

Денес, пратеничката од владејачката СДСМ, Даниела Колева одржа прес – конференција на која се осврна на претседателската кандидатура на Гордана Силјановска – Давкова поддржана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е помеѓу борба за европска иднина со СДСМ или заглавени во изолација со ДПМНЕ.

Понудата на ДПМНЕ е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре.

Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски.

Во изминатите четири години Силјановска како пратеничка на ДПМНЕ ги поддржуваше блокадите на македонското Собрание и европскиот пат на земјата.

Глас за Силјановска е глас за враќање назад, во рикверц, глас за оддалечување на државата од Европската Унија.

На Македонија не ѝ е потребен претседател кој ќе биде реприза на Ѓорге Иванов.

Не нѝ треба претседател кој ќе биде партиски послушник и безгласна буква како Иванов.

Не нѝ треба претседател кој ќе го слуша гласот на Белата палата, а ќе биде глув за потребите на граѓаните.

Не смееме да дозволиме деструктивните политики на Белата палата да се преселат во претседателскиот кабинет!

Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.

Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа, кажа Колева на денешната прес-конференција.

Претходна вестМора ли Владата да купува нови лимузини, што не земат од електричните направени во Тетово?
Следна вестКога ќе се донесе одлуката, ќе одлучам дали ќе се придружам на постарата ќерка, кажа во судот таткото на убиената Вања