Силјановска ако стане претседател ќе ги помилува осудените за 27 април

Намера да ги помилува осудените лиза на настаните во македонското Собрание од 27 април 2017 година доколку на претстојните избори биде избрана на шеф на државата синоќа ја објави Гордана Силјановска. Во интервју на ТВ „Телма“ кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ рече дека делото што им било ставено на товар за време на судењето („терористичко загрозување“) не одговарало на степенот на насилството и дека оваа квалификација била одредена од новинар.

Силјановска-Давкова рече дека ако до тоа време не завршеле постапките во Стразбур тогаш таа ќе настапи со помилување како претседател.

-Тоа се случи за оние кои не сакаа амнестија, сакаат да ја докажат правдата. Ако не завршат постапките во Стразбур и ако сѐ уште се во затвор – да, ќе ги помилувам, рече Гордана Силјановска.

Во првиот предмет за упадот во Собранието беа обвинети 33 лица од кои со закон за амнестија беа помилувани 15 лица. За 16 осудени за „тероризам“ судот донесе пресуда со вкупно 188 години затвор. Некои од осудените, со помали казни затвор, излегоа на слобода, но многумина од нив сѐ уште се зад решетки.

Според штотуку усвоениот закон претседателот на државата може да помилува осудени лица само ако тие имаат правосилна пресуда, што е случај со овие лица.

Претходна вестНов земјотрес од над три степени во Црна Гора
Следна вестВозрасните од денеска може да се вакцинираат против голема кашлица, порача Демири