Силјановска: Кој е изолиран, ние што сме секаде присутни или тие што не ги примаат и на партиски забави во Брисел?

Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на митинг во Битола укажа кој е всушност изолиран политичар како што и наметнува власта.

-Деновиве слушам дека ако сум станела јас претседателка, а господинот Мицкоски премиер, оваа држава ќе била изолирана. Интересен феномен! Еве јас ги прашувам, тие што тврдат дека сме изолирани, а дека тие се внатре во Европската Унија, кој нив ги поддржува на овие избори?

Професорката потсети дека легендата на европските народни партии, Дорис Пак, јавно ја поддржала.

– Овде беше присутна во знак на поддршка, дури и вчера не придружуваше на собирите, една од најпознатите пратенички од шведскиот Риксдаг, Маргарета Цедерфелт. Дали е тоа изолација? Во Букурешт имав можност, благодарение на ВМРО-ДПМНЕ, да се сретнам со многу познати политички личности. Па, за каква изолација зборуваат! Не можам а да не ви пренесам дека на бината каде седеа госпоѓата Фон Дер Лајен и останатите европски челници, говореше господинот Христијан Мицкоски. Епа, кој е изолиран? Дали оној кој не може да влезе на забава кај своите партии, или оној кој зборува за европската иднина на Македонија на самитот на Европските народни партии?, праша Силјановска Давкова.

На митингот во Битола таа им порача на граѓаните дека нема корист од партиски послушници и од партиски војници и додаде дека заложбите за правата на жената се заложби за човекови права. Таа вети дека во својот претседателски кабинет ќе ангажира поголем број на жени.

– Не жени заради некакви квоти и не за да се прикажам како радикална феминистка, туку со тоа ќе им укажам на мажите дека се откажувале од многу знаење, ум, креакција и посветеност, истакна таа.

Претходна вестПендаровски: Мојата програма е видлива, на Гордана е невидлива
Следна вестМВР: Тројца приведени за пожарот во Универзална сала