Симон Трпчески во номинација за нова светска награда

Уште една трофејска номинација на контото на светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески. Последниот диск на кој тој заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од чешкиот град Острава и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија, изведуваат програма со дела од Шостакович, е меѓу трите проекти номинирани во категоријата „разновидна програма“ на Меѓународните награди за класична музика – ИЦМА .

Зад издавањето на ЦД-то застана светски позната професионална куќа „Лин рекордс“, по иницијатива на самиот Трпчески.

-На моја иницијатива успеавме да организираме снимање на двата пијано концерти на Дмитри Шостакович, како и на Второто трио за виолина, виолончело и пијано, со моите драги колеги од проектот МАКЕДОНИСИМО – Александар Краповски и Александар Сомов. Овој избор е еден опис на различните творечки периоди од животот на Шостакович, а кои сведочат за неговата креативност и оригиналност, вели Трпчески.

Имињата на добитниците на наградените на фестивалот ќе бидат соопштени на 18 јануари, а признанијата на лауреатите ќе им бидат врачени на свеченоста во Луксембуршката филхармонија на 21 април, 2022 година.

Претходна вестГи виде ли новата бугарска влада одговорите што Македонија и ги пратила? Македонците слушнаа од Груби, ама не видоа ништо!
Следна вестЌе остане ли само кабелот кабает за пожарот во кој изгореа 14 луѓе?