Намалување на цената на електричната енегија за 50 отсто и на другите комунални давачки. А доколку тоа не се спроведе од Владата в наредните денови, Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежни работници инжинери и трговци во градежништвото-НС ГРИТГ ќе повикаат на граѓанска непослушност.
Претставниците на овие два синдикати потсетија на нивното слично барање од август лани за 3 отсто намаување на давачките за овие услуги, за што тогаш собраа 2 000 граѓански потписи.
Освен намалување на цената на струјата се бара граѓаните да плаќаат и 50 отсто пониски цени за интернет и телефонски услуги, за вода, ѓубретарина, улично осветлување, парното греење…