Синот изгорел во пожарот, мајката е тешко повредена

Едно машко лице го загуби животот, а неговата мајка е тешко повредена во пожарот кој рано изутринава избувнал во куќа во кочанското село Грдовец. Постарата жена вдишала штетни гасови од чадот и е префрлена во кочанската болница каде и се укажува помош.

Со брза интервенција на екипа од Територијалната противпожарна единица од Кочани, пожарот е локализиран и спречено е проширување на огнот врз целиот објект.

-Околу шест часот утрово добивме повик за интервенција во станбен објект во Грдовци, при што затекнавме пламен во две простории. За жал, едно машко лице на 46-годишна возраст беше изгорено, а неговата мајка, која вдишала штетни гасови од чадот, е префрлена во кочанската болница. Интервениравме со три возила и пет пожарникари, при што спречивме пламенот да ги зафати и соседните простории со придружните објекти во близина. Првичните наоди водат кон претпоставка дека пожарот е предизвикан од неизгасена цигара што починатото лице ја имало додека лежело во креветот, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица – Кочани.

Претходна вестОбвинение за двајцата насилници од автобусот на ЈСП „Скопје“
Следна вестДел од матурантите ја бојкотираат наставата