Сообраќаjните знаци се измислени за да го олеснат и направат побезбедно учеството во сообраќајот. Треба да си стојат на определоеното место и возачите да ги погледнат и почитуваат…
Едноставно нели? Ама во Скопје има многу знаци кои се паднати. Лежат на улиците со денови, месеци и воопшто не се корисни…
Еве на пример знакот на улицата „Свети Кирил и Методиј“ спроти Старата железничка станица со недели стои урнат и оставен сам на себе. А, тој пустиот не може сам да се крене. Но, почудно е што не можат и надлежните да го кренат иако имаат вработени со раце, нозе…
Сепак, главниот проблем е со главата.