Сите лежат, некој оправдано – некој не

Сообраќаjните знаци се измислени за да го олеснат и направат побезбедно учеството во сообраќајот. Треба да си стојат на определоеното место и возачите да ги погледнат и почитуваат…

Едноставно нели? Ама во Скопје има многу знаци кои се паднати. Лежат на улиците со денови, месеци и воопшто не се корисни…

Еве на пример знакот на улицата „Свети Кирил и Методиј“ спроти Старата железничка станица со недели стои урнат и оставен сам на себе. А, тој пустиот не може сам да се крене. Но, почудно е што не можат и надлежните да го кренат иако имаат вработени со раце, нозе…

Сепак, главниот проблем е со главата.

Претходна вестСончево и ветровито со температури до 30 степени
Следна вестПрилепчанец заработи притвор, му пронашле марихуана и 59 стебла канабис