Скапото „шишање“ пари од ЕУ на суд: Лидија Димова вели – нема вина, второобинетиот Гочев призна дека вршел измами

Став дека не се чувствува виновна искажа денеска ексдиректорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова на судењето за злоупотреба на средства на ЕУ. Наспроти неа, второобвинетиот Александар Гочев кој се товари за кривично дело „измама“ во случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на европските средства ја призна вината. Гочев, кој на почетокот побара судењето да биде одложено поради отсуство на неговата одбрана рече дека вината не ја негирал и пред да почне судењето. Судијката која го води процесот одлучи кривичната постапка за Гочев да биде одвоена со цел второобвинетиот да може да ја даде изјавата во присуство на бранителот Петре Шилегов, а рочиштето за него е закажано за 21 февруари.

Освен нив двајца во случајот е обвинета и Ана Павлиду, пензионира благајничка во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Според обвинителката Сузана Мирческа-Кузмановска сите три лица оштетиле средства на европската заедница. Лидија Димова се гони дека со намера за друг да прибави имотна корист ја злоупотребила положбата и овластување, па постапила спротивно на Законот за јавните набавки и на Законот за основање Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Таа ангажирала соработници во Агенцијата, без да објави оглас. Димова се гони и за исплаќањето издатоци за службени патувања и за склучени договори без јавни набавки.

Одбраната на Димова дополни уште три лица на листата сведоци, кои биле ангажирани непосредно во јавните набавки и службените патувања на Националната агенција.

Застапникот на обвинението, обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска, во своето излагање потенцира дека поради тоа што станува збор за правно лице истражувањето траело подолг временски период. На тоа одбраната се надоврза истакнувајќи дека баш поради тоа што станува збор за специфицно правно лице доколку имало злоупотреба ќе реагирале и од надлежен орган од ЕУ кој има за цел да го следи трошењето на европските фондови. Одбраната на Лидија Димова истакна рече дека ќе докаже оти спроведената истрага била нецелосна.

Судењето за случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница продолжува на 3 март.

Случајот со злоупотреба на европски пари во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на виделина излезе во октомври 2020 година. Тогаш се појавија информации дека имало бајаги „шишање“ – па дека се доделиле 270.000 евра на една фризерница. Но, и за доделување на 83.000 евра на училишта за проекти како: „тренирање хрватско магаре и хрватски лепицанер“ и 54.000 евра за проект „гостопримството на Кипар“.

Претходна вестВучиќ: Приштина не сака ЗСО, туку сака да предизвика воен конфликт на Србија со НАТО
Следна вестЌе се набави терапија за 30 пациенти со цистична фиброза