Скок од над 100 нови случаи за 24 часа – 325 заразени и еден починат

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на Ковид-19 од кои најмногу, 101 се во Скопје, Тетово – 95, Гостивар – 43, Куманово – 26, Струга – 10, Охрид, Дебар и Кичево по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево по 3, Кавадарци и Штип по 2 и по еден во Битола, Велес, Берово и Виница.

Во изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Битола (55 години), починатo во болнички услови.

Регистрирани сe 11 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 157.251, бројката на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.268, од кои 370 во Скопје.

Претходна вестСе враќа „пеколот“ од 40 степени
Следна вестЛокалните избори распишани за 17 октомври