Скопјанец и виничанец краделе во Куманово, пред да бидат уапсени од страна на полицијата.
– На 16.01.2024 во 02.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.И.(30) од Виница и Д.Д.(32) од Скопје информира МВР. Тие се сомничат дека со употреба на сила влегле во повеќе деловни објекти во Куманово и одзеле различни предмети, информираат од МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.