Скопјанец искршил банкарска филијала во Аеродром

Приведен е скопјанец кој вчера искршил стакла на филијала на една банка во скопски Аеродром, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 03.04.2024 во 09.50 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода М.Д.(48) од Скопје затоа што околу 09.30 часот со остар предмет ги искршил стаклата од филијала на една банка на подрачје на општина Аеродром.

-По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, наведе полицијата.

Претходна вестМаксим Димитриевски ја почна кампањата од Крушево, ги повика граѓаните да се вклучат во Изборното востание
Следна вестБританец почина на Клинички, бил донесен во тешка состојба