Максим Димитриевски ја почна кампањата од Крушево, ги повика граѓаните да се вклучат во Изборното востание

Со повик до граѓаните по Илинден и АСНОМ да се вклучат во Изборното востание претседателскиот кандидат Максим Димитриевски денеска од Крушево за започна својата изборна кампања. Таа ќе ја води под слоганот „Максимум за Македонија“ а „Манифест за Македонија“ е насловот на програмата што очекува да го одведе во Вила Водно.

Во обраќањето пред споменикот „Македониум“ тој рече дека Документот содржи пет стратешки начела и пет приоритети. Првиот приоритет е формирање на специјален експертски ЕУ тим за адаптација на преговарачката рамка со фокус на историските прашања, вториот формирање на специјален правен тим за неправдите врз македонските организации во Бугарија.

-Трет приоритет, во првите 200 дена ќе предложиме уставни измени за внесување на Хрватите, Црногорците и Бугарите во преамбулата со одложена правна важност, кои ќе стапат на сила истиот момент кога МК ќе стане полноправна членка на ЕУ, порача Димитриевски.

Во приоритетите на Димитриевски е избор на јавен обвинител со двотретинско мнозинство на предлог на опозицијата, со мандат од шест години. Ќе бара и уставни измени кои би спречиле апсолутна застареност на кривичните дела сторени од страна на државни функционери.

-Отворање на дијалог за евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ и менувањето на сегашниот начин на избор на Претседател на Републиката, за мене се неприфатливи бидејќи ги подриваат фундаментите на кои почива Охридскиот рамковен договор за кој сметам дека е 100 посто реализиран, нагласи тој.

Караванот со пораките на претседателскиот кандидат на движењето ЗНАМ ќе заврши во Струмица на 22 април. Димитриевски најави и два помасовни собири во текот на кампањата.

Претходна вестПредизборни етнички математики – постизборни разочарувања
Следна вестСкопјанец искршил банкарска филијала во Аеродром