Скопјанец приведен во Градски парк, кај него била пронајдена дрога

Полицијата вчера во Градски Парк привеле дваесет и деветгодишник кај кого била пронајдена прашкаста материја.

– На 21.01.2024 во 16:00 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Г.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестОпштина Кисела Вода обезбеди бесплатни униформи за сите 5460 ученици
Следна вестTаткото на Вања останува во притвор