Скопјанец со тврд предмет ја тепал својата мајка, а потоа ѝ се заканувал со нож

40-годишен скопјанец со тврд предмет ја тепал својата мајка. Тој исто така и се заканувал и со нож.

– Полицијата соопшти дека денеска во 08.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје, затоа што на 17.04.2023 во домот физички ја нападнал неговата 66-годишна мајка, при што употребил тврд предмет, а ѝ се заканил со остар предмет, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Претходна вестСиндикатите со писмо до пратениците: Не ви дадовме мандат да ги задоволувате интересите на странски конзорциуми
Следна вестКовачевски пресмета: Работење 60 часа е попродуктивно од работење 40 часа