Скопјанец во товарно возило „натоварил“ 63 мигранти

Пријава ќе добие скопјанец кого полицијата вчера го откри како превезува мигранти на локалниот пат с.Стојаково-Богданци.

-Полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.Д.(41) од Скопје. При преглед во товарно возило „сканиа“ со светиниколски регистарски ознаки со полуприколка, кое го управувал, биле пронајдени 63 лица мигранти, од кои 55 мажи, шест жени и две малолетни лица. По насоки од јавен обвинител, А.Д. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПентагон распоредува 2.000 американски војници за поддршка на Израел
Следна вестСпасовски за германски весник: Годинава спречивме 10.455 обиди за илегални преминувања на границите