Скопјанецот кој го возеше Палевски до Турција ќе добие кривична пријава

Скопјанецот С.Д. кој се сомничи дека го превезувал Љупчо Палевски од Србија до Турција ќе добие кривична пријава, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ова лице беше уапсено при влезот во Македонија и му е одреден 48-часовен притвор.

-Согласно сето она кое го имаме утврдено, ќе се поднесе кривична пријава и против него, рече министерот.

Ова лице Обвинителството го сомничи за кривичното дело помагање на сторител во извршено кривично дело, а беше уапсено на 5 декември на граничен премин кај Дојран.

Медиумите објавија дека се работи за лицето Стефан Димковски од Струмица кој при патувањето објавувал и фотографии на својот профил на Фејсбук.

Адвокатот Васко Стојков кој пак го возеше Палевски од Скопје до Белград е сѐ уште на распит во полициска станица, по што ќе се знае дали и за него ќе се поднесе кривична пријава.

Во Србија, Палевски, кој е осомничен за убиствата 14-годишната Ѓорчевска и 74-годишниот Жежовски заминува на 1 декември со неговиот адвокат од Скопје со автомобил „Шкода суперб“ и е оставен во хотел. Оттаму наредниот ден го презема друго лице од Скопје и со џип марка „Ренџ ровер“ и преку граничниот премин Градина влегува во Бугарија, а потоа и во Турција.

 

Претходна вестМалта му го прекина конзулскиот мандат на Анѓушев, тој ќе се бори за преиначување на одлуката на САД
Следна вестВо Македонија уапсен Косовец коj се сомничи за убиство на Еквадор