Скопјанец шверцувал 12 мигранти во џип „Порше“

Дури 12 мигранти биле откриени во џип „Порше – каен“ на скопјанец кој сакал илегално да ги превезе. Полицијата соопшти дека случајот е откриен вчера околу 11.10 часот во близина на бензинската пумпа на магистралниот пат Овче Поле-Велес, кај место викано „Делисиска пруга“.

-Полициски службеници од Полициска станица Свети Николе го привеле Љ.А.(26) од Скопје кој управувал патничко моторно возило „Порше-каен“ со скопски регистарски ознаки во кое превезувал 12 лица-мигранти од Бангладеш, соопшти полицијата.

Мигрантите се сместни во ПТЦ „Винојуг“ за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Свети Николе. По целосно документирање на случајот против Љ.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестПротест пред СУГС „Панче Караѓозов“: Учениците не сакаат тестирање
Следна вестСтаменковска-Стојковски: Прекинот на ТВ програмите е заради нетранспарентното носење на законските измени