Стаменковска-Стојковски: Прекинот на ТВ програмите е заради нетранспарентното носење на законските измени

Ќе се реши ли проблемот кој е настанат околу емитувањето на телевизиските канали?Вчерашниот едночасовен прекин на телевизиските програми кои ги емитуваат операторите треба да се доволен повод Владата да преземе мерки и да види дали треба ги корегира законските недоречености – се во интерес на граѓаните на Македонија.

Денеска се огласи и дополнитената заменик министерка Невенка Стаменковска -Стојковски во објава на Фејсбук.

-СДСМ со нетранспарентното носење на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги доведе до потенцијален медиумски и информативен мрак во Македонија.

Вчерашниот прекин на телевизиските програми кои ги емитуваат операторите се резултат на недемократскиот, нетранспарентен и неинклузивен начин на донесување на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и шверцерското носење на Уредбата со законска сила за примена на ЗААВМУ за време на вонредна состојба. Во постапката на донесување на измените на законот, на СДСМ не му беше потребна квалитетна јавна расправа и обезбедување на предуслови за соочување на аргументите на сите засегнати страни со цел носење на квалитетно законско решение, туку гласање по скратена постапка непосредно пред распуштањето на Собранието.

Протестниот прекин на програмите од страна на операторите и медиумскиот и информативен мрак кој им се заканува на граѓаните на Република Македонија е обележје на начинот на владеење на оваа гарнитура. Само на тоталитарна власт каква што практикува СДСМ и одговара прекин на информациите и исклучување на телевизиите, напиша таа на Фејсбук.

Инаку, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски најави дека во текот на денов ќе има средби со засегнатите страни.

Претходна вестСкопјанец шверцувал 12 мигранти во џип „Порше“
Следна вестПоскапуваат горивата