Цените на горивата Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за еден денар во однос на претходната недела, што значи поскапување во просек од 1,96 проценти, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.
Со тоа, од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се точи по 60,50 денари по литар гориво, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 62,50 денари, додека пак Еуродизел ќе се продава за 52 денари по литар.
Масло за горење – Екстра лесно 1 ќе чини 41,00 денар, а Мазут М-1 – 25.396 денари.
Од Регулаторната комисија за енергетика својата најнова одлука ја оправдуваат со зголемувањето на референтните цени на сите нафтени деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена.