Арсовски: Дали министерката Нина Ангеловска крие дека се подновила со стан од над 100.000 евра?

Кријат ли функционери од власта недвижен имот? Ова е темата кога денеска на прес конференција ја отворија опозиционерите од ВМРО-ДПМНЕ апосторфирајќи го тоа преку прашања упатени до министерката за финансии предложена од СДСМ, Нина Ангеловска.

-Според нашите информации кои ги добивме вклучително и документи, министерката за финансии Нина Ангеловска крие од јавноста информации поврзани со својот недвижен имот кој што го поседува. Според информациите и документите кои што ги добивме, министерката Нина Ангеловска, која на позицијата министер е неполна година, изминатиов период купила стан од околу 100 м2 од градежна фирма со локација во Градски парк, во вредност од над 100.000 евра.

Доколку отворите на сајтот на антикорупциска комисија во информациите за имотот на функционерите односно конкретно за имотот на министерката Нина Ангеловска ќе видите дека таа нема пријавено и не поседува никаков стан.
Оттука би сакале да поставиме неколку прашања.
Дали Нина Ангеловска поседува стан во непосредна близина на Градски парк од околу 100 м2 во вредност од над 100.000 евра?
Зошто Нина Ангеловска крие дека купила стан од над 100.000 евра на атрактивна локација во близина на Градски парк? Која е причината поради која што крие дека се стекнала со ваков недвижен имот?, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој воедно посочи дека јавноста мора да биде запознаена со сите овие сомнителни постапки на министрите, а очекува одговори и брза реакција од страна на Антикорупциската Комисија.

Претходна вестПоскапуваат горивата
Следна вестНе е возможно, цело време се едни те исти работи да се повторуваат во Скопје