Триесетдневен притвор е определен на 40-годишен скопјанец кај кого полицијата пронашла марихуана. Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против ова лица поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
-На 2 декември, при личен преглед на осомничениот, овластени полициски службеници кај него пронашле 147,6 грама наркотична дрога – марихуана. Дрогата му била одземена, а осомничениот бил приведен, соопшти Обвинителството.