Скопјани: А да правиме избори секоја година, белки почесто ќе ги чистите шахтите?

Откако врне речиси повеќе од 24 часа, јавното претпријатие „Водовод и канализација“ односно секторот Канализација се сети да излезе на неколку места низ центарот на главниот град и да ги провери сливниците и шахтите.

Добро е што се реагирало превентивно. Но, оваа вест која вчера попладне се појави на дел од интернет порталите предизвика низа реакции кај скопјани.
-Добро е! Конечно ви текна што треба да работите! Камо вака да работевте секогаш претходно можеби немаше да се поплавува Скопје на секој малку поинтензивен дожд, пишува Марко М. Во коментар под објавената вест.
-А да дојдете малку и кај наовоизградените паркинзи пред новите згради, на пример, во Аеродром, тука е море после секое врнење, па во лето плажа си правиме, иронично коментира Димитар Т.
– Сега пред избори се сетивте на шахтите и сливниците. Имам идеја! Да правиме локални избори секоја година, белки ќе поработите повеќе, додава Јана И.

Ќе се повторува ли оваа акција на претпријатието, особено затоа што е според опис и попис на постоењето на истото, или останува инцидентна сега, и којзнае кога пак? Одговорот на ова прашање веројатно ќе го имаме на следниот посилен дожд.

Претходна вестКривична пријава за смртни закани и повици за насилство на „Фејсбук“
Следна вест„Човекот гулаб“ на Константин Плевнеш на Интернационалниот фестивал за краток филм во Турција