Скопјани: Град Скопје да не го чисти снегот од депониите, барем за миг да е се бело

Скопскиот градоначалник ги смири граѓаните, објасни дека подготвени се за снегот оваа година, и што и да се случи, соодветната механизација постои и се ќе функционира навремено. Но реакциите во јавноста после ваквата порака не стивнуваат, ги има на социјалните мрежи, ги објавуваат интернет порталите, но и во анкетите на телевизиите. Еве дел од нив:

– Се крстите во снегот за да ви ја реши загаденоста, во меѓувреме ние се угушивме. Казнивте ли некоја од фабрикиве што чадат навечер како да живееме во шума која гори наоколу?

– Ѓорче Петров, Куманово, нема да китат предновогодишно, ги пренаменија средствата, што уште чекате Град Скопје, па секако нема да ви се гледаат светлечките украси од загадениот воздух!

– Добро е да знаеме дека сме подготвени за снегот, само Ве молам не го чистете кога ќе ги затрупа депониите, барем за миг да го запаметиме Скопје бело и чисто…коментираат скопјани.

Кога веќе сме кај загадувањето, од синоќа до изутрината е само малку намалено. Па така во Лисиче е најстрашно со измерени 139 ПМ10 на метар кубен, потоа во Карпош 136 и во Центар 126 ПМ10 на метар кубен.

Претходна вестКумановец фалсификувал диплома
Следна вестСо претстава за Универзална сала вечерва се отвара 45-от МОТ